Новости

Кошарка

Идеалниот тим на Евролигата без Милош Теодосиќ

Кошаркарската Евролига на својата интернет страница ги објави најдобрите петорки за сезоната 2016/2017.

Првата петорка ја формираа двајца играчи на Фенербахче, Богдан Богдановиќ и Екпе Јудо, односно по еден кошаркар на Реал, Олимпијакос и ЦСКА Москва, Серхио Љуљ, Јоргос Принтезис и Нандо де Коло.

Во втората петорка се Милош Теодосиќ (ЦСКА), Бред Вонамејкер (Дарушафака), Николо Мели (Бамберг), Брајант Данстон (Ефес) и Густаво Ајон (Реал).

Завршниот турни во Евролигата ќе се одигра во Истанбул од 19 до 21 мај, а полуфиналните двојки се ЦСКА-Олимпијакос и Фенербахче – Реал.

GOLD
To Top