Новости

Кошарка

КК „Младост“ на турнир во Задар

Младите членови на кошаркарскиот клуб „Младост“ во терминот 16-17 јуни 2018 г. ќе учествуваат на 14. Меѓународен кошаркарски турнир „Воштарница Куп 2018“ во Задар-Хрватска. На овој турнир учество ќе земат 15 екипи со околу 200 играчи од Хрватска, Македонија, Словенија и БиХ. Натпреварите ќе бидат во 4 категории: момчиња родени 2003/04, девојки родени 2003/04, микс-екипи од играчи родени 2005 и микс-екипи од играчи родени 2006/07. Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Крешимир Ќосиќ“ во Задар. Организатор е КК „Воштарница“ под водство на претседателот Томислав Кларица.

– Традиционално четири години по ред учествуваме на овој реномиран турнир со цел нашите млади играчи да стекнат меѓународно искуство бидејќи ќе имаат натпревари со поискусни екипи од повеќе земји. На поголемиот дел од играчите ова ќе им биде и прв меѓународен турнир. Трениравме поинтензивно изминатите две недели и се надевам дека имаме квалитет за освојување медал во сите категории-изјави пред тргнувањето претседателот и тренер Горјан Стојановски.

По завршување на турнирот, експедицијата на „Младост“ ќе го продолжи патувањето за Подензано, Италија каде ќе одигра неколку пријателски натпревари со домашната екипа.

 

 

          В. Прчков

 

Evrotip
Евротип
To Top