Новости

Кошарка

Кадетите лесно го победија Косово пред Европското првенство

Македонската кадетска репрезентација забележа убедлива победа над соодветната селекција на Косово во пријателски натпревра одигран во Скопје.

Избраниците на селекторот Горан Ѓорѓиевски беа супериорни во текот на челиот меч, па на крајот забележаа победа со 41 поен разлика 75-34 по четвртини 16-12, 25-5, 20-8, 14-9.

Андреј Јакимовски со 13 поени беша најефикасен во нашата селекција, додека Миловановиќ и Наумоски постигнаа по 9 поени.

Ова беше воедно и последна контрола на нашата репрезентација пред настапот на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во Софија.

GOLD
To Top