Новости

Кошарка

Кајри Ирвинг се сели во Бостон Селтикс

Еден од најдобрите кошаркари на НБА вицешампионот Кливленд, Кајри Ирвинг, изјави дека ќе му биде задоволство следната сезона да го облече дресот на Бостон Селтикс. По сите шпекулации за иднината на плејмејкерот, од Бостон ја потврдија размената.

Како што јавија американските медуми, Ирвинг бил задоволен со заминување во Селтикс, кои ќе потпишат договор со 25-годишниот кошаркар, а за возврат во Кливленд ги испраќаат Ајзеа Томас, Џеј Краудер и центарот Жижиќ, како и еден пик од првиот круг на драфтот во 2018 година.

GOLD
To Top