Новости

Кошарка

Кошаркарите ја совладаа Словачка на стартот од претквалификациите

Нашите најдобри кошаркари со победа на теренот на Словачка од 74-66 го отворија новиот циклус на претквалификации за место на европското првенство во 2021 година.

По првиот изедначен период, Македонија заигра одлично вториот и направи голема позитива на полувремето од 44 спрема 30, со што практично ја најави стартната победа во групата. Во вториот дел домаќинот немаше сила за пресврт додека избраниците на Давитков знаеја како да го држат противникот на дистанца.

Црномурестиот повратник во селекцијата, Хендрикс, одигра блескава партија со 21 поен, 14 скокови, 4 украдени топки и две блокади. Војдан Стојановски постигна 20 поени додека Дамјан Стојановски и Ѓуроски забележаа по осум кошеви. Македонија во второто коло в недела ќе ја пречека селекцијата на Швајцарија .

GOLD
To Top