Новости

Кошарка

Кошаркарките ги започнаа подготовките за квалификациите

Македонската женска кошаркарска репрезентација денес официјално ги започнува подготовките пред натпреварите од квалификациите за Европското првенство. Репрезентативките ќе тренираат двапати на ден, во спортската сала „Јане Сандански“ каде впрочем ќе го одиграат и првиот натпревар од овој прв квалификациски прозорец, против Италија на 11 ноември.

Од скратениот список, селекторот Марјан Лазовски нема да може да смета на капитенот Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и на Ивона Пејковска кои заработија незгодни повреди.

Заедно со селекторот Лазовски и неговиот асистент Стојна Вангеловска ќе работи и Златко Јанакиевски кој е одговорен за физичката подготвеност на кошаркарките.

GOLD
To Top