Новости

Кошарка

Кошаркарската селекција до 14 години замина на турнир во Словенија

На 14. издание на меѓународниот турнир во Словенија ќе земе учество и националната селекција до 14 години на Македонија. Пријателскиот турнир се одржува со Словењ Градец, а покрај нашата млада селекција ќе настапат уште девет селекции, од кои две од Словенија. Нашата репрезентација е сместена во групата Б заедно со Хрватска, Израел, Украина и „белите“ од Словенија додека во групата А се сместени селекциите на Бугарија, Унгарија, Црна Гора, Полска и „сините“ од Словенија.

Распоред на натпревари:

24. август (четврток)
МАКЕДОНИЈА – Словенија „бели“
почеток 11:15

Израел – МАКЕДОНИЈА
почеток 20:15

25. август (петок)
Хрватска – МАКЕДОНИЈА
почеток 15:00

МАКЕДОНИЈА – Украина
почеток 20:15

Двете првопласирани селекции од двете групи ќе се пресметаат во полуфиналето, додека останатите ќе разигруваат за пласман од петтото до десеттото место. Турнирот ќе започне на 24 август, а ќе трае до 27 август.

GOLD
To Top