Новости

Кошарка

Леброн Џејмс и неговиот тим победија на „Олс стар“ викендот во Лос Анџелес

Ноќта зад нас беше резервирана за кошаркарскиот спектакл во кој учествуваа ѕвездите од тимовите на Леброн Џејмс и Стеф Кари.

Ова беше последното возбудување во рамките на 67-то издание на „Ол-Стар“ викендот кој завршува со дуел на ѕвездите.

Во „Стејплс Центарот“ гледачите уживаа во интересен и возбудлив натпревар кој започна со игра кош за кош, а заврши со победа на тимот на Леброн со 148-145.

Најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс, имено ѕвездата на Кливленд постигна 29 поени, а притоа додаде и 10 скока и 8 асистенции, а од неговиот тим иште се истакнаа и Кевин Дурант со 19 и Пол Џорџ со 16 поени. Во поразениот тим на Стеф Кари , најефикасни беа ДеМар ДеРозан и Дамијан Лилард со по 21 поени, додека Стеф Кари постигна 11 поени, но имаше и 5 асистенции и 6 скока.

GOLD
To Top