Новости

Кошарка

МКФ нема да продава билети за кошаркарскиот дуел Македонија – Косово

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) нема да пушти во продажба билети за натпреварот со Косово, кој ќе се одигра на 12 август во арената „Борис Трајковски“.

По одржаните состаноци и консултации со надлежните органи, денес беше донесена одлука од безбедносни причини билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба.

Македонската кошаркарска федерација сака да ѝ се извини на целата спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се скратува можноста на оние што сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во ВИП-арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

GOLD
To Top