Новости

Кошарка

Миротиќ нема да настапи на Евроваскетот

Кошаркарскиот сојуз на Шпанија соопшти дека националниот тим на претстојното Европско првенство ќе настапи без Никола Миротиќ.

Црногорецот со шпански пасош решил да го откаже настапот за националниот тим бидејќи сеуште го нема решено прашањето во која екипа ќе настапува наредната сезона.

Кошаркарскиот сојуз на Шпанија во соопштението наведува дека ги почитува причините поради кои крилниот центар го откажа настап на континенталниот шампионат, со напомена дека „Миротиќ морал да донесе тешка одлука“.

Шпанија на ЕП кое ќе се одржува од 31.август до 17.септември ќе го брани златниот медал освоен пред две години.

GOLD
To Top