Новости

Кошарка

Нова легендарна партија на Леброн Џејмс

„Коњаницата” ја доби мајсторката со Индијана, предводен од фантастичниот Леброн Џејмс, Кливленд триумфираше со 105-101 и се пласираше во конференциското полуфинале.

„Кралот“ можеше за прв пат во својата кариера да доживее елиминација уште во првата рунда од плеј-офот, но Леброн прикажа уште една легендарна партија во својот прв натпревар број 7 во првата рунда.

Ѕвездата на Кливленд реализираше 45 поени и донесе победа во „мајсторката“ со Индијана од 105-101, па сезоната на „Коњаницата“ остана жива.

Пејсерс во серијата постигна повеќе поени од Кливленд (704-664), но и покрај тоа ги спакуваа куферите, а изјавата на резервистот Тревор Букер најдобро ја отсликува ситуацијата: „Искрено, мислам дека бевме подобар тим, но тие го имаат најдобриот играч во светот!“

На вториот натпревар кој се одигра синоќа во НБА, Хјустон доминираше над Јута и поведе со 1-0 во полуфиналето на Западот. Домаќините одлично го започнаа натпреварот, имаа +13 на крајот од првата четвртина а предноста на полувремето изнесуваше комфорни 64-39,

„Џезерите“ одговорија во второто полувреме, но посериозно не го загрозија водството на најдобриот тим во регуларниот дел, па резултатот на крајот изнесуваше 110-96.

Прв играч на натпреварот беше Џејмс Харден, кој реализираше 41 поен.

GOLD
To Top