Новости

Кошарка

Новицки ја проби границата од 31.000 поени

Дирк Новицки отвори нова страница во својата голема кошаркарска кариера и стана само шестиот играч во историјата на НБА кој ја поминува границата од 31 000 реализирани поени.

39-годишната легенда веќе има 31 005 поени во 1455 натпревари за Далас и застана зад имињата на Вилт Чембрлен (31 419), Мајкл Џордан (32 292), Коби Брајант (33 643), Карл Мелоун (36 928) и Карим Абдул-Џабар (38.837), членови на клубот „31.000+”.

213-сантиметри високиот европски кошаркар дојде до врвот на својата професионална кариера во својата дваесетта сезона во американската кошаркарска лига. Новицки игра за Далас Маверикс од сезоната 1998/1999, дебитираше во Лигата на 5 февруари 1999 година.

Дирк го направи своето достигнување во втората половина од домашниот натпревар против Оклахома Сити.

GOLD
To Top