Новости

Кошарка

Нов пораз во АБА лигата за МЗТ Скопје

МЗТ остана закован за дното на табеата во АБА лигата, откако во деветтото коло ззагуби од лидерот Будуќност 71:93 (13:22, 20:21, 20:18, 18:32 ). МЗТ остана на само една победа на домашен терен сезонава, а по девет натпревари има скор 2-7.

Доминик Мавра, Бојан Трајковски и Јуре Лалиќ беа единствените светли точки во тимот на МЗТ. Мавра го предводеше тимот во три статистички категории, а натпреварот го заврши со (14 поени, 8 скока и 6 асистенции), а Трајковоски и Лалиќ имаа идентичен учинок 13 поени и 3 скока.

Во редовите на Будуќност сите играчи се запишаа во листата на стрелците, четврорца постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Никола Ивановиќ со 14 поени, на кои придодаде по три скока и асистенции.

МЗТ во наредното коло, на 2.декември, ќе гостува во Загреб кај Цедевита.

 

GOLD
To Top