Новости

Кошарка

Пау Гасол стана најдобар стрелец во историјата на Евробаскетот

Кошаркарот на Шпанија Пау Гасол го престигна Тони Паркер и стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства.

Шпанија во последното коло во Ц групата на Европското првенство, во Клуж, ја совлада Унгарија со 87:64, а Гасол мечот го заврши со 20 поени. Со поените против Унгарија постариот од браќата Гасол стигна до бројката од 1.110 поени на континеталните првенства.

Ова бројка Гасол сигурно ќе ја зголеми до крајот на Евопското првенство, каде неговата репрезентација е главен фаворит за освојување на златниот медал.

Гасол на 55 одиграно натпреваро на ЕП има просек од 20,4 поени.

GOLD
To Top