Новости

Кошарка

Пелистер на домашен терен го совлада Куманово

Пелистер го приреди најголемото изненадување во 19. коло од кошаркарскиот шампионат, откако на домашен терен го совлада Куманово со минимални 83-82.

Кумановци допатуваа во Битола како големи фаворити, но не успеаја да ја оправдаат оваа улога на теренот. Мечот донесе неколку пресврти, Пелистер ја доби првата четвртина со 26-19, потоа Куманово го сврте мечот во своја полза, а во последната четвртина се влезе со водство на гостите од 58-67. „Пелистерци“ уште на пет минути до крајот внесоа неизвесност намалувајќи на 70-71, за во драматичен финиш најпрвин Јанески да погоди на три секунди пред крајот за 80-82, пред Анакиевски со тројка да предизвика еуфорија меѓу домашните навивачи во салата „Младост“ во Битола.

Луис со 34 поени беше најефикасен кај Пелистер, Анакиевски постигна 15 поени за домашниот тим, додека прв стрелец на Куманово беше Караколев со 27 поени.

GOLD
To Top