Новости

Кошарка

Пелистер со победа над Карпош Соколи

Битолчани очекувано го однесоа целиот плен од гостувањето против Соколи, со оглед на тоа што зелено-белите веќе размислуваат на настапот следната сезона во засилен состав, а екипата од Карпош на втората лига.

Пелистер има 12 победи со 18 порази, на средината на табелата зад лидерската двојка Фени И. и Кожув, пред Шкупи, а Карпош Соколи имаат 6 победи и 24 порази пред исто така испаднатата Струмица.

Стартната петорка беше двигателот на домаќините, најдобар стрелец беше капитенот Атанасов со 16 поени. Бешлиовски имаше 14, Петровски 13, Арсовски 11 (10 скока) и Спенс 10 поени.

Од клупата, Шопов реализира 7 поени, а Богдановски и Тасков по 6.

Извор

GOLD
To Top