Новости

Кошарка

Пенов го напушти Куп победникот Карпош Соколи

Кошаркарскиот состав на Карпош Соколи потврди дека Игор Пенов го напуштил клубот.

„Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Игор Пенов, повеќе не е член на Карпош Соколи, откако не беше најден заеднички јазик во преговорите за обновување на неговиот договор со актуелниот вице-шампион. Крилниот кошаркар изминатите три сезони повеќе од успешно ги бранеше боите на клубот. Управата на Карпош Соколи на Пенов му посакува успех во продолжението од кариерата со надеж дека во иднина патиштата повторно ќе ни се вкрстат“, пишува во соопштениeto на клубот.

Карош Соколи во текот на летово го напуштија: Трајковски, Пери, Зековиќ и Мавра.

GOLD
To Top