Новости

Кошарка

Перо Антиќ го загуби судскиот спор во САД

Нашиот кошаркар, Перо Антиќ, нема да добие обештетување за инцидентот со полицијата во Њујорк кој го имаше во 2015 година.

Тогаш Антиќ и Табо како членови на Атланта Хокс, беа уапсени пред еден клуб поради опструкција и закани кон полицијата, обвиненија кои потоа беа повлечени. Двајцата ја тужеа њујоршката полиција за нелегално апсење односно држење во притвор и прекумерна употреба на сила. Табо во тој инцидент воедно заработи потешка повреда на ногата и на крај неговата тужба успеа и заработи 4 милиони долари отштета.

Антиќ според информациите кои доаѓат од САД, нема да добие ништо иако бараше 25 милиони долари. Според судот, полицаецот добро си ја завршил работата.

GOLD
To Top