Новости

Кошарка

Погребани Брајант и неговата ќерка Џиана!

Коби Брајант и неговата ќерка Џиана се погребани на приватна церемонија во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми. Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана загинаа на 26-ти јануари во хеликоптерска несреќа. Погребот се одржал пред 5 денови, на 7-ми февруари и бил затворен за јавноста, а присутни биле само членовите на семејството на славниот кошаркар. Семејството се одлучило за мала церемонија далеку од очите на јавноста, во Корона Дел Мар, и со тоа е исполнета желбата на семејството во најинтимен круг да ги испрати своите најсакани.

Јавна комеморација ќе биде одржана на 24.02.2020, датум што симболично го означува бројот на дресот на Коби,  и бројката (2) на дрес што ја носеше неговата ќерка. Комеморацијата ќе се одржи во „Стејлпс центарот“ и ќе биде отворен за сите оние кои ќе сакаат да му одадат последна почит на еден од најдобрите кошаркари на сите времина.

GOLD
To Top