Новости

Кошарка

Поранешен европски првак се наоѓа пред згаснување

Најтрофејниот хрватски клуб и поранешен европски шампион Цибона се наоѓа пред згаснување. Долговите предизвикани од пандемијата со коронавирусот се зголемуваат и клубот е пред банкрот.„Ги раскинавме договорите со Гибсон, Ребец, Катиќ, Новачиќ, Љубичиќ, Билиновац… Со некои се надеваме дека ќе ја обновиме соработката ако сезоната продолжи. Ако не добиеме ништо од градот Загреб, ако не ни ги покријат долговите, најверојатно клубот ќе згасне“, изјави директорот на Цибона, Домагој Чавловиќ.

Цибона беше европски шампион во 1985 и 1986 година, има уште два трофеја во поранешниот Куп на победниците на куповите, еден во Купот „Радивој Кораќ“ и еден во европскиот Суперкуп. Еднаш триумфираше во АБА лигата, трипати во југословенското и 19 пати во хрватското првенство.

GOLD
To Top