Новости

Кошарка

Предраг Созовски нов тренер на КК Пелистер

Екипата на КК Пелистер во новата сезона доби нов тренер. На местото на Зоран Петковски доаѓа Предраг Созовски.

Договорот со Созовски е постигнат, а со него во стручниот штаб ќе соработува Драган Наумов, исто така поранешен кошаркар на Пелистер.

Созовски се враќа на местото од пред една деценија, кога го водеше Пелистер на почетокот на амбициозниот проект во кој битолчани играа важна улога во македонската кошарка.

 

GOLD
To Top