Новости

Кошарка

Пропаѓа трејдот на Ирвинг во Бостон?

Трансферот на Ајзеа Томас од Бостон Селтикс во Кливленд Кавалирс може да пропадне поради резултатите од медицинските тестови на 28-годишниот бек.

Во моментов нема конечна одлука на Кливленд, кој го зеде Томас, знаејќи за неговата повреда на бутот добиена минатата сезона. Изгледа сепак резултатите од прегледите не се добри, информира ESPN.

Како што е познато, пред неколку дена Бостон и Кливленд се согласија на размена. Селтикс го зедоа Кајри Ирвинг, а во замена им го дадоа Томас на Кавалирс, уште двајца кошаркари и избор во првиот круг на драфтот во 2018 година.

Не е јасно како проблемите на Томас ќе влијаат на договорот.

GOLD
To Top