Новости

Кошарка

Реал го загуби Густаво Ајон на неколку месеци

Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид по неполн месец од стартот на новата сезона се судрува со големи проблеми, пред се со повредени играчи.

Серхиот Љуљ оддамна е надвор од терените, па ртепрезентативниот плејмејкер го пропушти и Евробаскетот. Пред дваесетина дена повреда на коленото заработи и Огњен Кузмиќ кој според извесно е дека за српскиот репрезентативец сезоната е предвреме завршена.

Последен на листата повредени е и Густаво Ајон. Мексиканецот на мечот против Тенерифе го повреди рамото. Иако првите прогнози беа дека ќе отсуствува од терените 3-4 недели, сепак по деталните прегледи констатирано е дека Ајон ќе мора да оди на операција, па сега прогнозите се дека ќе биде надвор од „погон“ повеќе од месец два.

GOLD
To Top