Новости

Кошарка

Робинсон: Без марихуана немаше да издржам 18 години во НБА

Поранешниот кошаркар Клиф Робинсон, кој 18 години настапуваше во НБА лигата, нагласува дека марихуаната многу му помогнала во текот на кариерата.

Робинсон по повлекувањето од професионалното играње кошарка започна бизнис за одгледување и дистрибуција на марихуана, чија упореба во одредени сојузни американски држави е легализирана.

–  Ако играш 18 години во НБА и имаш 82 натпревари по сезона, мораш да научиш да живееш со анксиозноста и да најдеш начин за опуштање. Канабисот секогаш ми помагаше во тоа, истакна Робинсон.

Поранешниот кошаркар е еден од заговорниците за легализација на марихуаната, а во долгогодишната кариера настапуваше за Портланд, Феникс, Детроит, Голден Стејт и Њу Џерси.

GOLD
To Top