Новости

Кошарка

Светското првенство во кошарка во 2023 година ќе се одржи во повеќе земји

Светското првенство во кошарка во 2023 година првпат ќе се одржи во повеќе од една држава. ФИБА прифати да има една заедничка кандидатура на повеќе држави по претходните добри искуства со Евробаскетот и Афробаскетот.

„Уверени сме дека оваа формула ќе има функционалност и на нашето најголемо натпреварување“, изјави претседателот на ФИБА Патрик Бауман.

Во конкуренција за заедничка кандидатура се Аргентина и Уругвај од една страна и Индонезија, Јапонија и Филипини од друга страна. Следното Светско првенство во кошарка ќе се одржи во Кина во 2019 година.

 

GOLD
To Top