Новости

Кошарка

Секој татко треба да слушне како Коби зборуваше за својата ќерка

Коби Брајант загина заедно со својата 13-годишна ќерка откако хеликоптерот со кој одеа на тренинг се сруши во провалија кај Лос Анџелес. Џиана, која Коби ја чуваше како капка роса во неговите раце, тргна по стапките на нејзиниот татко и многумина во неа ја видоа искрата на легендарниот НБА ас.

Коби после пензионирањето стана тренер на тимот на Џиана и често ја носеше на натпревари. За време на мечевите и ги објаснуваше ситуациите и акциите, а неговата ќерка го потсети светот дека иако Брајант има четири ќерки – покрај неа не му треба син.

Тоа го потврди и самиот Коби. Неговите зборови после смртта имаат уште поголема тежина, а неговата поддршка е нешто што ни останува како поука.

„Често ми велат: Еј, мора да направиш син, мора некој да ја продолжи традицијата! Тогаш таа ќе се појави и ќе каже – еј, јас сум задолжена за тоа“, раскажуваше Брајант во една емисија. Исто така тој имаше кажано дека неговата ќерка без проблеми може да направи WNBA кариера.

Минатата година се појави снимка на која Џиџи ги користи истите потези кои ги научи од својот татко, а сличноста е неверојатна.

„Таа е нешто посебно кога е на теренот“, велеше Коби.

Утрото пред несреќата, таткото и ќерката се упатија на тренинг на нејзиниот тим „Мамба Академија“. За жал, загинаа заедно, а нивната поврзаност не престанува да ги крши срцата ширум светот.

GOLD
To Top