Новости

Кошарка

Словенија без ѕвездите на Реал во квалификациите за СП

Актуелниот европски кошаркарски шампион Словенија, нема да може да смета на Лука Дончиќ и Aнтони Рендолф на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2019 година. Новиот словенски селектор Радо Трифуновиќ, кој го менува Игор Кокошков, го објави списокот на 14 играчи на кои ќе смета во ноемврискиот циклус на квалификации.

На списокот ги нема двајцата играчи на Реал Мадрид, Лука Дончиќ и Ентони Рејндолф, кои заедно со Горан Драгиќ кој се прости од репрезентативниот дрес, изминатово лето ја предводеа Словенија со европската круна.

Трифуновиќ ќе смета и на: Јака Блажиќ (Андора), Влатко Чанчар (Мега), Жига Димец (Крка), Зоран Драгич (Армани), Грегор Хроват (Олимпија), Миха Лапорник (Златорог), Јуриј Мацура (Басконија), Клемен Препелиќ (Левалоа), Матиц Ребец (Еенисеј), Лука Рупник (Фуенлабрада), Жан Марк Шишко (Илирија), Гашпер Видмар (Банвит), Саша Загорац (Шопрон).

GOLD
To Top