Новости

Кошарка

Спанулис со рекорд на тројки во Евролигата

Со двете тројки на вчерашниот петти меч од плеј-офот во Евролигата против екипата на Анадолу Ефес, искусниот кошаркар на Олимпијакос Василис Спанулис стигна до нов личен рекорд во најсилното европско клупско натпреварување.

Гркот сега има 17 постигнати тројки во плеј-оф серијата, што е најдобро постигнување на некој кошаркар кој играл во оваа фаза на Евролигата. Досегашниот рекордер беше Хуан Карлос Наваро од Барселона со 16 тројки.

GOLD
To Top