Новости

Кошарка

Стивенс и Кис ќе се борат за титулата на УС Опен

Американките Медисон Кис и Слоан Стивенс ќе се борат за трофејот на Отвореното тениско првенство на САД, откако во полуфиналните мечеви
славеа победи над своите сонароднички.

Рано утрово Кис по само еден час и осум минути игра ја совлада Коко Вандевег со 2-0 и во двата сета убедливо со 6:1 и 6:2.

Многу понеизвесно беше во првото полуфинале кое се одигра ноќеска. Стивенс беше поуспешна од Венус Вилијамс во три сета (2-1). Таа го доби првиот сет со 6:1, Вилијамс возврати во вториот сет без ниту еден изгубен гем (6:0), а во решавачкиот трет сет беше 7:5.

GOLD
To Top