Новости

Кошарка

Трајковски: Да покажеме карактер и да ја совладаме Словачка

Македонската кошаркарска репрезентација го имаше првиот собир во Скопје пред дуелот со селекцијата на Словачка викендов во продолжението до претквалификциите за ЕП. Сениорите го одржаа првиот собир и најавија атак на победа и заверка на пласманот во втората рунда од квалификациите.

„Нема што многу да се зборува за тој меч, сакаме да победиме и на овој дуел во Скопје. Јас не бев на претходните мечеви, но сега сме сите заедно. Сакаме да се покажеме на ниво и да го завршиме циклусот како што треба. Следи меч пред домашната публика, пред која имаме неочекуван притисок, но верувам дека ќе дадеме максимум на домашен терен и ќе завршиме со победа. Немам многу информации за противникот, со асистентите зборувавме на таа тема пред тренингот. Ќе имаме видео-анализа и ќе се подготвиме добро“, истакна пред новинарите, Бојан Трајковски.

Дуелот со Словаците го играме в недела од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“.

GOLD
To Top