Новости

Кошарка

Успешно издание на 9. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2019“

Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“ од Битола и Општина Битола успешно заврши 9. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2019“. Во дводневните натпревари учество зедоа 34 екипи од нашата држава, Хрватска, Италија, Србија, Косово, Албанија и Бугарија во категориите: момчиња родени 2003, девојки родени 2006, микс-екипи родени 2006/07, микс-екипи родени 2008/09, ветерани 45+ и ветеранки 40+. Натпреварите се одиграа во 6 спортски сали низ Битола.

Во категоријата ветерани (45+) љубителите на кошарката во Битола имаа можност да уживаат во мајсториите на прославениот поранешен југословенски кошаркар, а подоцна и хрватски селектор Џузепе „Пино“ Џерџа кој настапи за ветераните на КК „Воштарница“ од Задар.

На овој турнир за прв пат учествуваа екипи од Италија, Косово и Албанија.

Категорија момчиња родени 2003:

ПЛАСМАН

  1. КК „Воштарница 1“
  2. КК „Пелистер АД“
  3. КК „Башкими“
  4. КК „Пробаскет“
  5. КК „Воштарница“
  6. КК „Младост“

 НАЈДОБАР ИГРАЧ:

ЛОВРЕ ТАДИЌ (КК „Воштарница 1“)

Категорија девојки родени 2006:

ПЛАСМАН

  1. ЖКК „Локомотив“
  2. КК „Воштарница/Младост“
  3. ЖКК „Пробаскет“-Пробиштип
  4. КК „Трокал“-Кавадарци
  5. КК „Јуниор“-Битола

 

НАЈДОБАР ИГРАЧ:

ЦВЕТИНА ПОПОВА (ЖКК „Локомотив“)

Категорија микс-екипи родени 2006/07:

 ПЛАСМАН

  1. KK „Воштарница“
  2. КК „Младост 2007“
  3. КК „Јуниор“
  4. КК „Трокал“
  5. КК „Младост 2006“

6.КК „Пробаскет“

НАЈДОБАР ИГРАЧ:

АНТОНИО ПАВИН (КК „Воштарница“)

Категорија микс-екипи родени 2008/09:

ПЛАСМАН

  1. KK „А.С. Подензано“
  2. КК „Јуниор“
  3. КК „Воштарница“
  4. КК „Локомотив“
  5. КК „Младост“
  6. КК „Пробаскет“
  7. КК „Трокал“

НАЈДОБАР ИГРАЧ:

МАТИЈА БОРГОЊИ (КК „А.С. Подензано“)

Категорија ветерани 45+

ПЛАСМАН

1.KK „Воштарница“

2.КК „Пелистер“

3.КК „Штип“

4.КК „Здравље“

5.„Basket boys“

6.КК „Ровињ“

7.КК „Струмица“

НАЈДОБАР ИГРАЧ:

ЏУЗЕПЕ „ПИНО“ ЏЕРЏА (КК „Воштарница“)

Категорија ветеранки 40+ ревијален натпревар

 

1.Екипа Битола/Тетово/Скопје

2.КК „Младост“

Во културно-уметничкиот дел свои настапи имаат членовите на танцовиот спортски клуб „Степ-ап“ од Битола.

  • Прв пат сум во Битола. Воодушевен сум од градот и од организацијата на турнирот, посебно дружењето меѓу играчите. Задоволен сум и од нашиот настап и пласман на овој турнир иако имавме кратко време за подготовки-изјави Бруно Топи, член на ветераните од Корча, Албанија.
  • Ние доаѓаме од мало гратче во Италија. За прв пат доаѓаме на овие простори и учествуваме на турнир. Прекрасно поминавме, ја видовме Битола и задоволен сум од организацијата на турнирот-изјави Јордан Колевски, тренер на „А.С. Подензано“ од Италија.

 

Во експедицијата од Италија имаше 20-тина родители кои со разни навијачки реквизити, типично за италијанските „тифози“, ги бодреа своите кошаркари.

 

                                                                                                                        В. Прчков

 

GOLD
To Top