Новости

Кошарка

ФИБА избра нов претседател

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) доби нов претседател и тоа Аман Нијанг од Мали.

Делегати од 156 национални федерации учествуваа во гласањето на конгресот кој се одржа во Пекинг, Кина каде за два дена ќе започне Светското првенство.

За нов претседател е избран Аман Нијанг од Мали кој досега беше потпретседател на ФИБА, а беше и прв човек на Африканската кошаркарска конфедерација.

„Најискрено им се заблагодарувам на сите национални федерации за нивната доверба. Ветувам дека целосно ќе се посветам на ФИБА и ќе им служам на интересите на нашиот омилен спорт на секаде низ светот“, изјави Нијанг.

Нијанг ќе ја извршува должноста претседател до 2023 година кога повторно ќе има избори.

GOLD
To Top