Новости

Кошарка

Харден е од друга планета: Монструозен „трипл-дабл“ во новогодишната ноќ

Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Хареден, полека излегува од сенката на суперстарот на Оклахома, Расел Вестбрук и ја истакнува кандидатурата за МВП во сезоната. Харден против Њујорк стана првиот играч во НБА историјата кој на еден натпревар остварил најмалку 50 поени и по 15 скокови и асистенции.

Хјустон славеше над Њујорк 129:122, а популарниот „Брада“ мечот го заврши со 53 поени (9/16 за три), 16 скокови и 17 асистенции.

Постигнатите 53 поени се рекордни во кариерата за Харден.

GOLD
To Top