Новости

Кошарка

Харден со рекордни 56 поени донесе нова победа за Хјустон

Џејмс Харден постави личен рекорд од 56 постигнати поени, а „ракетите“ ја победија Јута на убедлив начин, со 137-110. „Брадата“ се запиша во клупската историја, откако остана само на поен од најдобро достигнување на играч од тимот – 57 поени на Калвин Марфи против Њу Џерси во 1978 година.

Највпечатливо во случајот беше дека Харден ги постигнува овие 56 поени при само 25 шута од игра, а освен тоа направи 13 асистенции. Неговата презентација како целина ги остави зад себе направените 7 грешки. Тој заврши со 12/17 за 2 поени, 7/8 за 3 поени и 11/12 од линијата за пенали за 35 минути игра.

Најдобро достигнување на Харден досега се 53 поени во натпревар. Тој шести пат ја поминува границата од 50 поени во кариерата.

GOLD
To Top