Новости

Кошарка

Хауард ризикува казна заради непристојна реакција

Центарот на Шарлот Хорнетс, Двајт Хауард доби казна од 35.000 долари, бидејќи го покажа јазикот на навивачите на Кливленд за време на дуелот меѓу Кавалиерс и Хорнетс, кој „стршлените“ драматично го загубија со 99-100.

Ова било прифатено како „сексуален и навредлив гест“ кон навивачите и кошарската асоцијација наметна парична казна за Хауард.

Досега во оваа сезона, центарот има во просек 15,5 поени и 12,9 скока во 18 натпревари.

GOLD
To Top