Новости

Кошарка

Цедевита по четвртпат поуспешна од МЗТ Скопје

Хрватскиот шампион Цедевита се прошета на гостувањето во Скопје против МЗТ во рамките на 16-то коло во регионалната АБА лига и славеше со 100-79 (22-21, 31-15, 25-25, 22-18).

Скопските кошаркари парираа сериозно само на почетокот од мечот, но фуриозната завршница на Цедевита на првото полувреме му донесе на гостинот предност од 17 кошеви. Во продолжението од мечот загрепскиот тим рутински ја одржуваше високата предност а на крајот од мечот ја зголеми на 21 поен.

Досега непоразениот тим во лигата веќе во првата четвртина направи 20 кошеви разлика, а до полувремето ја „качи“ на 40. Во третата четвртина Ѕвезда дојде до максималната предност од 56 поени, а Задар во последните десет минути успеа да ја симне предноста на домашните под 50 поени.

Црвена ѕвезда е лидер на табелата со сооднос од 16-0, додека Задар е во долниот дел со 6-10.

GOLD
To Top