Новости

Кошарка

Чудесниот Дончиќ се врати со стил!

Дончиќ поради повреда на скочниот зглоб пропушти седум натпревари, а без него во тимот Далас забележи четири порази и три победи. Но синоќа Словенецот се врати на терените и беше во центарот на вниманието во победата на Далас на домашен терен против Сакраменто од 130-111. Дончиќ натпреварот го заврши со 33 поени, 12 скока и 8 асистенции и беше прв стрелец во редовите на својот тим.

Од синоќешната понуда издвојуваме два натпревари. Првиот во Брлуклин каде серијата од 15 победи во низа на Торонто заврши. Репотрси на овој дуел беа поразени со 101-91. Тие имаја серија од месец и пол без пораз. Во дерби дуелот на западот Лејкерс го победи Денвер во гости со 120-116 по продолжение. Леброн Џејмс беше лидер во редовите на својот тим. Зад своето име запиша трипл-дабл од 32 поени, 12 скока и 14 асистенции.

GOLD
To Top