Новости

Кошарка

Шпанија е прв фаворит за титулата од Евробаскетот

Светските обложувалници и даваат најмногу шанси на шпанската репрезентација за освојување на трофејот на Европското кошаркарско првенство.

Коефициентот дека Шпанија ќе ја одбрани титулата од пред две години изнесува 1.57 и е далеку помал од другите осминафиналисти.

Шпанија заедно со Словенија се двете селекции кои групната фаза ја завршија без пораз.

По Шпанија втор фаворит за триуф на Евробаскет 2017 е Србија со коефициент 9, а по неа следува Литванија со коефициент 10.

GOLD
To Top