Новости

Кошарка

Голден Стејт пресилен за Лос Анџелес Клиперс

Екипата на Голден Стејт уште еднаш ја истакнаа кандидатурата за НБА титулата и го потврдија неверојатниот напаѓачки капацитет, со победата во дербито против Клиперс во Лос Анџелес. Голден Стејт победи 133:120 и стигна до скор 43 победи и седум порази.

Седми пат сезонава кошаркарите на Голден Стејт на натпревар постигнаа најмалку 133 поени со што уште еднаш покажаа дека напаѓачки се најмоќниот тим во лигата. Клиперси се обидуваа да го следат ритамот на противникот, но успеаја да изборат само чесен пораз.

Триот Кари-Дурент-Томпсон одигра уште еден мач на кој секој од нив постигна најмалку 20 поени. Кари и Дурент имаа двоен ефект, првиот 29 поени и 11 асистенции, а вториот 26 поени и 10 скокови, а Томпсон постигна 21 кош.

Крис Пол, кој по повредата се врати во тимот на ЛА Клиперс беше најефикасен на тпреварот со 31 поен, десет помалку постигна Крофорд.

GOLD
To Top