Новости

Кошарка

Естонците дозволија 250 гледачи во „балонот“ во Талин

Со најновата одлука односно мерки потив коронавирусот, на естонските власти, ограничен пристап ќе има на оние места од затворен тип, како што се на пример, салите. Согласно со тоа, ограничен ќе биде и бројот на посетители за време на претстојниот квалификациски турнир. И тоа на бројката од 250 навивачи, многу извесно, на естонската кошаркарска репрезентација. Се чини поволна вест за нашиот национален тим, кој во оној натпревар на одлука, закажан за 30 ноeмври, против себе ќе нема и дополнителни 5.000 Естонци. Новите законски одредби стапуваат на сила за неколку дена, односно на 28. ноември, на денот на започнувањето на „активностите“ во „балонот“ во „Саку Сурхал“ Арената во Талин. По што на организаторот на турнирот, кошаркарската федерација на Естонија не му преостана ништо друго освен да ја суспендира продажбата на влезни билети за планираните четири натпревари. Останува на сила, лимитиран број на седишта во Арената – 250, само за дуелот во понеделник навечер во кој Македонија ќе бие битка со Естонија за пласман на една од првите три позиции во групата Б која води на Евробаскетот 2022 година.

GOLD
To Top