Новости

Кошарка

Ирвинг: Коби треба да биде на новото лого на НБА!

Кајри Ирвинг со објава на својот Инстаграм профил порача дека Коби Брајант треба да биде новиот играч на логото на НБА лигата. „Тоа мора да се случи, не ме интересира кој што вели. Црните кралеви ја изградија лигата.“ – напиша кошаркарот на Бруклин Нетс. За потсетување, силуетата на логото е на Џери Вест, легендарниот кошаркар на Лејкерси од 60. и 70 години на минатиот век. Самиот тој пред неколку години поттикна промена на логото, велејќи дека на него треба да биде Мајкл Џордан. Откако Брајант трагично загина, бројни кошаркарски фанови бараа тој да стане новиот играч на логото. Сепак, НБА лигата засега нема план да го менува својот препознатлив дизајн.

GOLD
To Top