Новости

Кошарка

Карпош Соколи го освои Купот на Македонија во кошарка

Карпош Соколи е новиот освојувач на Купот на Македонија во кошарка. Вечерва „соколите“ испишааклупската историја, откако во Кавадарци дојдоа до својата прва титула, победувајќи го Фени Индустри во финалниот меч со 80-69.

Во текот на целиот меч гледавме интересна борба и на моменти крајно изедначен меч. Иако Фени И. ја имаше поддршката на публиката, Карпош Соколи во најголемиот дел од мечот имаше и одржуваше предност. Во финишот скопјани успеаја да се одлепат и на крајот со комотна предност да го приведат мечот до победа.

Доминик Мавра со 21 поен беше прво име во победничката екипа на Карпош Соколи, а 17 поени придодаде Лабовиќ. Кај екипата на Фени И. Кирил Николовски постигна 19 поени и беше најдобар на паркетот.

 

GOLD
To Top