Новости

Кошарка

Мавра е МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија

Доминик Мавра од екипата на Карпош Соколи е прогласен за најкористен кошаркар на завршниот турнир од ЛИМАК Купот на Македонија. Тој одигра фантастично на сите три меча за својот тим и сосема заслужено го понесе ласкавото признание.

Во финалниот меч, хрватскиот кошаркар постигна 21 поен и беше вистински лидер во победничкиот тим. Најдобар стрелец на турнирот е Кире Николовски од Фени Индустри, кој со 19 поени и денеска беше најдобар кај поразените.

Спортското радио 90.3 фм како медиусмки партнер на Македонската кошаркарска федерација во изминатите три дена беше во Кавадарци за да ве информира за сите случувања од завршницата на националниот Куп.

GOLD
To Top