Новости

Кошарка

На првата „контрола“ во БиХ, битолчани беа подобри од екипата од Требиње (82:76)

Екипата на Пелистер е единствената од нашата земја која во периодот на подготовките игра пријателски натпревари надвор од границите на Македонија. „Пелистерци“ се во Требиње, каде од денеска после неколку одработени тренинзи, практично ја започнаа серијата на неколку контролни мечеви.

А на првата проверка, новиот тим на „зелено-белите“ предводен од Марјан Илиевски излезе како победник против Леотар. Славеа со (82:76), во натпревар во кој Даниел Нацевски беше реализатор на 14.поени, 12 имаше Кесар, а по десет дадоа Зекири и Стајиќ.

За два дена, прволигашот од Битола ќе ги одмери силите со екипата на Чапљина, а во недела е предвиден дуелот со Зрињски.

GOLD
To Top