Новости

Кошарка

НБА ги повикува играчите назад, подготовки за продолжување на сезоната

Планот на НБА да ја продолжи сезоната се уште е активен, а лигата им даде задача на тимовите да ги вратат играчите до 1 јуни. Враќањето на играчите во тренинг базата на своите тимови е еден од првите клучни чекори кон трасирање на патот кон продолжување на сезоната некаде кон средината или крајот на месец јули. Лигата планира процесот да биде завршен за десетина дена, по што ќе следат 1-2 недели индивидуални тренинзи, проследени со 2-3 недели формален тренинг камп. Кога играчите ќе бидат подготвени за натпревари, сезоната 2019-2020 ќе продолжи на една локација која се уште не е утврдена.

GOLD
To Top