Новости

Кошарка

НБА дербито за Голден Стејт и Стеф Кари

Сан Антонио Спарс и Голден Стејт Вориорс изминатата ноќ во Тексас го одиграа дербито во НБА лигата, кое им припадна на гостите 98:110. Вориорс вообичаено ги предводеа Стеф Кари и Клеј Томпсон, но клучен игра во триумфот беше минатогодишниот играч на Сан Антонио, ветеранот Дејвид Вест, кој доминираше под обрачите во второто полувреме.

Сан Антонио, со величенствена игра го победи шампионот Кливленд, но две вечери подоцна ја почувствува силата на вицепрвакот Голден Стејт.

Една четвртина во која наметнаа пеколен ритам во одбраната, не им беше доволна на Спарси да го добијат дуелот со Вориорс. Спарси во првиот период водеа 15:0 и 29:7, но на средината од втората четвртина на семафорот резултатот беше 45:45.

Спарси го сочуваа водството до првиот напад во третата четвртина, а потоа играта целосно ја презедоа играчите на Голден Стејт, кои ја одржуваа предноста од три до 14 поени.

Голден Стејт ја забележа деветтата победа во низа, на табелата има три победи повеќе од Сан Антонио и со голема веројатност обезбедена прва позиција пред почетокот на разигрувањето за титулата. Вориорс први стигнаа до 60 победи во сезоната, а имаат и 14 порази.

Вориорс до победата ги предводеа Стеф Кари со 29 и Клеј Томпсон со 23 поени, но клучен играч беше Дејвид Вест кој блескаше во второто полувреме. Ветаранот против својот минатогодишен тим оствари 15 поени, 4 скока, 5 асистенции и 2 блокади.

Најефикасни играчи на Сан Антоно беа Каваи Ленард со 18, Ману Џинобили со 18 и Ламаркус Олдриџ со 17 поени.

Аргентинецот Џинобили, против Голден Стејт го одигра 987-от натпревар во регуларниот дел од сезоната и на клупската вечна листа се израмни со легендата Дејвид Робинсон, а пред него сега се само Тони Паркер (1.136) и Тим Данкан (1.392).

GOLD
To Top