Новости

Кошарка

Нов трипл-дабл на Вестбрук во победата на Оклахома

Трипл-дабл машината Расел Вестбрук го забележа својот 34-ти ваков учинок сезонава во НБА лигата, додека младиот српски центар Никола Јокиќ петти пат во сезоната и воопшто во кариерата одигра натпревар во кој имаше двоцифрен учинок во три статитички категории.

Вестбрук ја предводеше Оклахома до победата во Торонто 123:102, со 34-от трипл-данл во сезоната. Рас мечот го заврши со 24 поени, 16 асистенции и 10 скокови.

Денвер во три четвртини ги декласира Клиперси, кои во последниот период го ублажија пораот (129:114). Никола Јокиќ го предводеше тимот со петтиот сезонски трипл-дабл (17 поени, 14 скокови и 11 асистенции). Најефикасен во редовите на Денвер беше Вил Бартон со 35 поени.

Голден Стејт, лидерот во шампионатот, рутински славеше во дуелот со Орландо 122:92. Клеј Томпсон постигна 29 поени, четири повеќе од Стеф Кари.

Победа забележаа и кошаркарите на актуелниот шампион Кливленд 91:83 против Јута. Кевин Лав се врати во тимот на Кливленд по пауза од два месеци, тој мечот го заврши со 10 поени. Најефикасен кај шампионот беше Леброн Џејмс со 33 поени, 10 скокови и 6 асистенции, Кајри Ирвинг постигна 21 поен, но тој поради проблеми со коленото не играше во последната четвртина. Кај Јута се истакна францускиот центар Руди Гобер со 20 поени и 18 скокови.

GOLD
To Top