Новости

Кошарка

Олимпијакос доведе уште едно значајно засилување

По Чарлс Џенкинс, Олимпијакос потпиша со уште еден бек. Во прашање е американскиот кошаркар Арон Херисон, кој доаѓа од Галатасарај. 25-годишниот кошаркар својата професионална кариера ја започна во НБА во дресот на Шарлот, но не се наигра баш многу во најсилната лига на светот, каде често беше праќан во развојната лига. За три години поминати во НБА, собра „само“ 35 настапи. Во Истанбул во дресот на Галатасарај забележа просек од 14,8 поени во домашната лига, додека во Еврокупот имаше просек од 13,1 поен по натпревар. За него пројавуваа интерес и ЦСКА Москва и Зенит, но на крај тој се одлучи за клубот од Пиреја.

GOLD
To Top