Новости

Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: Фенербахче остана без еден од најдобрите кошаркари

Како што и веќе се очекуваше, Костас Слукас и официјално го напушта Фенербахче. Еден од најдобрите плејмејкери во Европа и еден од најдобрите кошаркари на денешницата на стариот континент, одлучи да ја промени средината по заминувањето на Жељко Обрадовиќ и станува дел од низата играчи кои го напуштија клубот ова лето. Слукас најверојатно ќе биде една од најголемите „бомби“ ова лето на европскиот пазар, се работи за одличен играч кој три пати ја освојувал Евролигата и секогаш бил еден од најважните играчи во тимовите за кои настапувал. Обрадовиќ го имаше Слукас како негов миленик во клубот, а бројките кои ги остваруваше грчкиот кошаркар говорат сами за себе во таа ситуација. Според некои информации, Слукас веќе има постигнато договор со Олимпијакос, каде би требало да настапува во наредните три сезони.

GOLD
To Top