Новости

Кошарка

Пелистер го разби Гостивар во Битола

Кошаркарите на Пелистер го прегазија Гостивар со 117-87 во средбата од 12.коло во најсилната домашна конкуренција.

Домашниот тим имаше дури три четвртини со +30 поени, односно избраниците на Илиевски беа расположение за игра и противничкиот тим не можеше соодветно да одговори. Кај Пелистер сите играчи во записникот добија шанса за настап, најефикасен беше репрезентативецот Маслинко со 21 поен, играч кој пред некое време пристигна во Битола токму од редовите на Гостивар.

Кај поразените залудна беше извонредната партија на Ефремовски од 36 кошеви.

Останатите средби од овој круг се играат во сабота и недела.

Евротип
SNBROKER
To Top